Крокети од компир
Состојки
- 500гр варен компир
- 200-230гр брашно
- 1 јајце
- 50гр рендано биено сирење
- 1/2 лажиче пециво
- морско оревче, бибер
- шунка, кашкавал, оригано за полнење
- 1 јајце за поховање
- 100гр презла и малку сусам
- масло за пржење
Подготовка
Прво се вари компирот и нека се излади.
Убаво се гмечи со вилушка.
Се додаваат јајцето, биеното сирење, морското оревче, биберот, пецивото.
Јас не ставив овде сол, бидејќи е солено сирењето.
Постепено се додава брашното, колку да се добие не лепливо тесто.
Количината може да варира, во зависност од воденоста на компирот.
Со набрашнети раце се формираат округли форми, им се става по едно лажиче од филот- споени шунка, кашкавал, оригано.
Се формираат долгнавести форми.
Се валкаат во изматено јајце, па во презла во која сме додале сусам.
Се пржат на умерен оган да заруменат.
Се редат на хартија, да се исцедат од вишок маснотија.
Се служат со кисела павлака или мајонез.