Празнични бели потковици со кокос
Состојки
- 200гр бело брашно
- 1 пудинг од ванила -прашок( 40гр)
- 1 јајце
- 1/2 лажиче пециво
- 100гр кокос
- 100гр путер или маргарин
- 1 лажица шеќер во прав
- 1 лажица кисела павлака
- шеќер во прав
- по потреба 1 лажица ладна вода
Подготовка
Во вангличка се соединуваат сите состојки.
Се замесува мазно не лепливо тесто.
Се покрива со прозирна фолија и стои во фрижидер 30 минути.
Потоа се кинат мали парчиња, со тежина од 15 грама, со рацете се прават мали долги форми и се виткаат потковици.
Се печат 12 минути на 180 степени, треба да останат бели.
Се валкаат во шеќер во прав.
Нежни, кревки колачиња, добредојдени за предстојните празници кои затворени во лимена кутија може да стојат и подолго време.