Испечати

Сукана пица со рукола

Сукана пица со рукола

Состојки

  • 600 гр бело брашно
  • 300 мл млака вода
  • 5 лажици масло
  • 1 мало лаж. сол
  • 1 мало лаж. шеќер
  • 300-400 мл доматно пире или кечап
  • 200 гр кашкавал млечен
  • 100 гр рукола
  • 200 гр шунка
  • 1 паковка сув квасец
  • 4лажици сусам
  • 2 лажици оригано
  • 100 гр црни маслинки
  • 250 гр свежи шампињони
  • Прелив
  • 3 јајца
  • 300 мл кисело млеко
  • 100 гр растопен путер за попрскување.

Подготовка

Брашното го сееме и додаваме сув квасец и млака вода.
Посолуваме и додаваме шеќер, па месиме тесто.
Го делиме на 5 еднакви топчиња.
Покриваме со најлонска кеса и оставаме само 10 минути.
Шампињонитње исчистени, ги сецкаме и пржиме на малку масло.
Кога се пржени ги зачинуваме и тргаме на страна.
Сукаме една кора од едното топќе и ја редиме диекно суканата пица во тавата. Врз кората се попрскува растопениот путер, па доматното пире и се останато што го наведов горе.
Се додаваат и пржените печурки.
Се сука и другото топче и постапката трае се до последната кора.
И последната кора се филува,па се сече на парчиња, онолку колку што сакате да бидат големи.Се разматува киселото млеко со јајцата, и се полева врз цела тава. Се става веднаш во загреана рерна и се пече.
Нема точно време кое би пишала за колку да е готово.
Се познава печено тестенце.Кога ќе си порумени,кога ќе си фати убава кора, вадете од рерната и покријте со чиста крпа.
Расечете по деловите и служете.
На здравје

Забелешка

Ова количина на брашно што ја наведов во состојките е доволна само за во тестото. За попрскување на корите додека се сукаат се додава отприлика спрема тестото. Како и да е имајте уште 200 гр брашно плус за посипот.