Баклава со кекси и бадеми
Состојки
- 500 гр кори за баклава
- 200 гр мелени бисквити
- 200 гр мелени бадеми
- 5 лажици шеќер
- 3 лажици гриз
- 1 пакетче ванилин
- по потреба масло
- За шербет
- 800 гр шеќер
- 800 мл Вода
Подготовка
1. Гризот, кексите, бадемите, шеќерот и ванилинот ги промршуваме.
2. Првата кора ја попрскуваме со 2 лажици масло и со готварска четка ја намрсуваме. Врз неа ставаме уште 2 кори намрсени со масло. На едниот карј од корите нанесуваме 1/5 од филот. Ги свиткуваме краевите на корите кон внатрешноста и виткаме ролат и го ставаме во тава намачкана со масло. На истиот начин подготвуваме уште 4 ролати и ја засекуваме баклавата и ја попрскуваме со масло.
3. Баклавата ја печеме околу 30 минути на 200 степени додека не се зарумени и оставаме да се излади.
4. Шеќерот и додата ги вариме 5 минути и со врелиот шербет ја преливаме изладената баклава.