Испечати

Празнични ѓумбир колачиња

Празнични ѓумбир колачиња

Состојки

  • 125гр путер
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажица гликозен сируп или мед
  • 100гр кафеав шекер(или обичен)
  • околу 350гр брашно(може и 250гр брашно и 50гр густин)
  • плус
  • црвена,црна,жолта прехрамбена боја и кокос
  • за ројал ајсинг
  • 1 белка
  • околу 200гр шеќер во прав
  • неколку капки сок од лимон

Подготовка

Празнични колачиња радости за дечиња. Минатата година ги правев за прв пат, но во форма на ирвасот Рудолф,  а оваа година стомачиња на Дедо Мраз.
Се мати јајцето со шеќерот, се додава маргаринот и на крај сувите сосотојки. Се меси мазно тесто, се остава да отсои 30 тина минути. Се вадат форми со калапчиња и се печат во загреана рерна на 180 степени 5-7минути. Откако ќе оладат се украсуваат со ројал ајсинг (се мати белката со шеќерот во прав и сокот од лимон, додавате шеќер додека не ја добиете посакуваната густина)