Крофнички од банана и кокос
Состојки
- 2 чаши брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 4-5 лажици шеќер
- 50 гр кокос
- прстофат сол
- 2-3 банани
- по желба кора од лимон
- по желба шеќер во прав
Подготовка
1. Во сад се ставаат брашно, прашок за печиво, шеќер, кокос и прстофат сол и се заедно се меша.
2. Потоа во истиот садот се додаваат бананите и се гмечат со вилушка истовремено мешајќи ги со останатите состојки додека не се добие хомогена смеса. По желба може да се изренда кора од лимон или портокал.
3. Добиената смеса се покрива со најлонска фолија и се остава да отстои 15-20 минути во фрижидер.
4. Во претходно загреано масло со метална лажица се става од смесата на дното на тавата и се пржи 2 до 3 минути. Кога крофничките ќе се кренат и ќе почнат да лебдат над маслото се готови. Додека сеуште се топли се наросуваат со шеќер во прав и кокос.
* Смесата за овие крофни не е како вообичаеното тесто, леплива е и потечна.