Испечати

Куглоф со газиран сок (посно) (без миксер)

Куглоф со газиран сок (посно) (без миксер)

Состојки

  • 3 чаши брашно
  • 1 чаша шеќер
  • 3 лажици масло
  • 1 кесе цимет
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 1 пециво
  • 2-3лажици мармалад по вкус
  • 2 чаши газиран сок( пепси, синалко кола)
  • 40гр сецкано чоколадо
  • 50гр сецкани аранчини-портокал
  • 50гр сецкани смокви суви
  • 50гр сецкан орев

Подготовка

Користена е чаша од 240мл.
Едноставен, ароматичен куглоф.
Потребни се само 10 минути, за да се подготви.
Сите состојки се ставаат во вангличка и лесно се промешуваат да се соединат.
Смесата се истура во куглоф и се печи околу 40 минути на 180 степени.
Се лади, па се сече на парчиња.