Божиќен колач со вишни (посно)
Состојки
- Суви состојки
- 2 чаши брашно
- 2 чаши пченичен гриз
- 1 чаша шеќер
- 1 пециво
- плус
- 900гр вишни
- 2 ванили
- 1 чаша шеќер
- 170мл масло
- Чашата е од 200мл
Подготовка
Интересен сочен колач, не одзема многу време, а е могу декоративен и одличен за божикните пости.
Се ставаат во цедалка замрзнатите вишни и течноста се чува за на крај. Сувите состојки се мешаат со лажица. Исцедените вишни нежно се притискаат со вилушка за да се изгмечат, се додава шеќерот, маслото и ванилата.
Во тавче 20Х30 се става една третина од сувите состојки убаво се мазни и над нив се става половина од филот со вишни. Потоа над вишните се става уште една третина од сувите состојки, повторно од вишните и на крај со сувите состојки се покрива убаво колачот.
На крајот се додава сокот од исцедените вишни. Се печи во загреана рерна на 180степени околу 40мин.
Одозгора направив шеќерна глазура од шеќер во прав и сок од вишни. На колачот на сликата е ставено вишни само на средина, но оргинал рецептот е со 2 реда вишни.
Се остава убаво да омекне 3-4 саати, потоа е многу сочен.