Испечати

Новогодишна декоративана погача

Новогодишна декоративана погача

Состојки

  • за погача
  • 200мл. млеко
  • 200мл. вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 25гр. свеж квасец
  • 50мл. масло(зејтин
  • 1 јајце
  • 2 лажички сол
  • 800гр. брашно
  • 2 лажички густин (нишесте)
  • за премачкување
  • 50 гр. путер или маргарин
  • 1 жолчка
  • 1 лажичка масло
  • малку црвена и зелена прехрамбена боја

Подготовка

Во млаката вода и млеко ставете шеќер и една лажичка брашно да стаса 5-6мин.
Изматете 1 јајце, додадете го маслото, солта, водата и млекото со квасецо. Додавајќи го брашното замесете тесто. Oставете гo да стаса.
Стасаното тесто размесете го на набрашнете работна маса
Формирајте две топки доколку печете во делимано округла тава(26см.). Ако немате, тогаш во округла тава со број 32 испечете само една погача.
Топките тесто ги формирате со големина на тавата, со чаша вадиме 5 круга.
Од круговите тесто правиме едно додаваме 3 лажички густин и црвене боја и делиме 10 мали топки. Круговите ги спојуваме две по две кои ги премачкуваме со путер.
Сега имаме пет круга кои ги расукуваме и сечеме на осум кифлички.
Секоја кифличка ја сечеме на средина врвот на кифличката ја провлекуваме во средина и формираме листови кои ги редиме во дупките на погачата се додека не ги формираме и последниот цвет.
Со мал дел од тестото по желба боиме во зелена боја ја формираме внатрешноста на цветот. Доколку не ви се допаѓа може да си додадете мак или некое друго семе.
Погачата јас не ја премачкав така ја печев вие може да ја премачкате со јајце и малку масло.
Печеме на 200степени половина час потоа намалете на 150 степени уште 15 мин.
Забелешка
Подготвив две погачи во делимано округла тава 26см. Доколку не сте љубители на бои не е задолжително. Ова е од мене предлог за убава новогодишна или божиќна трпеза.
Среќни празници!!!