Испечати

Ќае - тетовски бухтли

Ќае - тетовски бухтли

Состојки

  • 4 чаши брашно
  • 1 и1/2 чаша топла вода
  • 20гр квасец
  • 1лажиче сол
  • 1лажиче шеќер
  • 3лажици масло
  • масло за потопување на бухтлите( 2 лажици)
  • фил
  • 100-150гр дробено сирење
  • 3-4 јајца
  • 1/2 чаша јогурт

Подготовка

Во топлата вода се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно. Се промешува и нека се активира 10 минути. Потоа постепено се додава маслото, солта и брашното. Додавајте дел по дел од брашното, бидејќи количината може да има минимални отстапки. Замесете не лепливо тесто. Се покрива со прозирна фолија и нека кисни 20 минути. Потоа тестото се дели на топки, со големина по желба. Секое топче се потопува во маслото и се реди во тава за печење. Киснат само 10 минути. За тоа време во еден сад се соединуваат јајцата, јогуртот, сирењето. Оваа смеса се истура врз бухтлите. Така нека киснат уште 10 минути. Потоа се печат на 200 степени околу 35 минути. Внимавајте, ако има потреба во текот на печењето најодозгора ставете хартија за печење, за да не изгорат. Се вадат на кујнска решетка и се сервираат. Уживајте во ова прекрасно пециво. Користена е чаша од 250мл