Сос со печурки и црвено вино
Состојки
- 300гр. печурки
- 1 главица со средна големина кромид
- 2 лажици брашно
- 1-2 лажици сенф
- 50-60мл. црвено вино
- 450мл. ладна вода
- малку масло
- по потреба зачини - сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер
Подготовка
Печурките (јас користев саламурени, добро ги измив, бидејќи беа нешто покисели во споредба со тие што редовно ги купувам и добро ги исцедив) исецкани покрупно, се пропржуваат на плитка мрснотија. Се вадат од тавата и се оставаат на страна.
Во истата мрснотија се пропржува ситно сецканиот кромид, со малку сол, додека омекне.
Се додава брашното и тоа убаво се пропржува додека промени малку боја.
Се трга тавата од оган, се додава сенфот, убаво се изедначува.
Се додава водата и виното, се враќа на оган и постојано се мешање, додека зоврие течноста.
Штом зоврие сосот, се додаваат печурките и се остава да прокрчка заедно.
Се зачинува со наведените зачини по вкус.
Се крчка додека сосот добие на густина.
Најчесто го правам со бело вино, но овој пат во црвено издание, празнично, на зададената тема... )))
Штом е со бело вино, може и кисела павлака, но внимавајќи да не го прекиселиме, заради виното.
Исто може да се додади и коцка за бујон и пак ќе напоменам, тогаш внимателно со зачините да не пресолиме.
На здравје!!!