Медени колачиња-медењаци
Состојки
- 160гр. мед
- 125гр. маргарин
- 200гр. шеќер
- 3 јајца
- 1 лажиче пециво
- 1 лажиче сода бикарбона
- 1 лажиче канела или зачин за медењаци
- 600гр. брашно
Подготовка
Вкусни, највкусни колачиња кои подсетуваат на празници, дружба, радост, среќа...
Медот се става на тивок оган да се втечни убаво, па се додава маргаринот и шеќерот. Се меша убаво додека се соедини и добие хомогена смеса. Се остава да излади.
Јајцата се разматуваа со вилушка и се додаваат на изладената смеса.
Се додаваат пецивото, содата, циметот (лажичињата рамно полни), просеаното брашно.
Се меси убаво, да се добие средно меко тесто, кое не се лепи за раце.
Се завиткува во прозирна фолија и се става во фрижидер 2 часа.
Два плеха се обложуваат со хартија за печење.
Помеѓу две најлонски фолии се отвора кора со дебелина од 5мм. Се вадат форми.
Се печат на 200 степени 10 мин., во претходно загреана рерна.
Украсете по желба. Моите се со глазура од белка, шеќер во прав и лимонов сок.
Среќни празници!