Овошна пишкота торта (без миксер и печење)
Состојки
- За тортата
- 600 гр кисела павлака
- 200 гр шеќер во прав
- 500 гр бисквити
- 1 лажичка ванила екстракт
- 200 гр мешано шумско овошје
- За подлога и околу торта
- 100 мл млеко
- 320 гр пишкоти
- За украсување
- 150 мл слатка павлака
- шумско овошје
Подготовка
Оваа торта претставува едно вкусно и слатко задоволство спремно за 10 минути. Ако ви е мака да ја формирате едноставно оставете ја да се соедини во фрижидер и со алатка за сладолед вадете од неа во тањирчиња, посипете ја со рендано чоколадо или по желба и уживајте со пријателите во овие зимски денови исполнети со многу љубов.
Среќни празници драги мои!
Подготовка
Киселата павлака ја соединуваме со шеќерот мешајќи со лажица. Се додаваат кршени бисквити, се меша до соединување, за на крајот да го додадеме и шумското овошје. Овошјето кога ќе го додадеме внимателно промешуваме колку да се соедини и распореди насекаде. Ја формираме по желба, може во ролат, торта, како правоаголник или некоја друга форма и ја ставаме на ладно за да се соединат вкусовите и омекнат бисквитите. Украсувањето е по желба и потреба.
Забелешка
Моето украсување....
Ја подготвуваме чинијата на која ќе ни биде сервирана тортата, на него го ставаме обрачот и потоа на дното ги редиме пишкотите кои претходно кратко ги потопуваме во млеко, отприлика едно пакување од 105 гр оди на дното. Другите две пакувања ни се за околу тортата и ги редиме суви. За да ни бидат рамни во долниот дел со нож ги сечеме и ја правиме висината по желба. Обрачот е од калап број 22.
Слатката павлака ја матиме, па дел од неа, тенко мачкаме околу страните, а дел врз тортата.
Тортата ја формираме и украсуваме по желба и вкус. Јас се одлучив за оваа варијанта со пишкоти и слатка павлака, а вие употребете ја вашата фантазија.
Овошје може да ставите и од компот како и свежо овошје, јагоди, малини, капини, банани и сл.
Од шумско овошје ставив смрзнати боровинки и малини и во многу мал дел рибизли, а вие ставете си по вкус.