Топеница со свинска маст
Состојки
- 1 не цел сомун леб
- 300 гр сирење
- 2 лажици свинска маст
- 2-3 лажици буковец
Подготовка
Еден старски начин за припрема на лебот кој не се искористил додека бил топол, едноставен и вкусен. Во битолскиот реон наречен под дијалектот Топејнца. Овде го има Светулка прикажано на еден начин, а еве го од мене, малку поинаков.
Лебот се сечи или дроби на ситни залачиња. Сирењето се дроби ситно. Се се меша со 2 лажици свинска маст и се распоредува во тава за печење. Одозгора се попрскува со вода. Јас го правев со помош на рацете, а секако дека можи и со помош на лажица. Се става во загреана рерна од 220С околу 10на минути, односно колку да се потпечи.
Потоа се поросува со буковец, а кој сака можи да додаде и малку нане.
Се служи топло самостојно, со кисело млеко, ајварче, јогурт, расолница...
Доколку не сакате да загревате рерна, можи и да пржите по начинот на Светулка. Секако дека можи и со масло, но со сало е вистинскиот филинг на јадењево. Мерките можат да варираат во однос на желбата и вкусот на конзументите. За оние кои се по лутото, излишно е да напоменам дека буковецот треба да е лут.