Видео рецепт: Печени кременадли
Состојки
- 2 кг. кременадли споени цели
- сув рузмарин
- 1 кг. компири
- мелено каранфилче, мускатно оревче и цимет
- алуминиумска фолија
- сол, бибер и оригано
Фичо ќе ни покаже како на најлесен начин да подготвиме празничен ручек, печени кременадли со зачини и компири.
Подготовка
Чекор 1: Месото убаво истријте го со сол, бибер и мелен рузмарин. Во мал сад измешајте мелени каранфилче, мускатно оревче и малку цимет. Истријте го местото и со оваа мешавина.
Чекор 2: Рерната загрејте ја на 200 степени. Месото ставете го во ростер тавата и печете го 18-20 мин, потоа извадете го и прекријте го со алуминиумска фолија. Печете на 175 степени уште 2 часа.
Чекор 3: Додека месото се пече, околу 1 час пред крај подгответе ги компирите. Излупете ги компирите, посолете, додадете бибер и оригано и ставете ги компирите под месото да се печат еден час.
Чекор 4: Пред крај извадете ја фолијата и оставете ги месото и компирите да се печат уште 15 мин на 200 степени за да фатат коричка.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Ако не сакате премногу ароматичен вкус, изоставете го циметот.