Испечати

Тортелини со спанаќ и рикота во сос од павлака

Тортелини со спанаќ и рикота во сос од павлака

Состојки

  • 1 паковка од 250 гр тортелини ( рикота и спанаќ )
  • 200 гр неутрална павлака
  • 100-200 гр димена сланина
  • 200 гр пармезан
  • 1 литар вода

Подготовка

Ги приготвувам овие преубави тортелини со спанаќ и рикота.
Начинот на подготовка е следен...

Откако водата ќе зоврие со солта се пуштаат тортелините и се варат 4 до 5 минути.
Варените тортелини се цедат во цедалка.
Димената сланина се запржува на малку масло.
Се додава неутралната павлака и се продолжува со пржењето уште неколку минути на тивко.
Варените тортелини се додаваат во сосот и благо се промешуваат.
Оставаме така уште минутка до две.
Потоа додаваме пармезан и промешуваме.
Сервираме и зачинуваме со копар или рузмарин.
На здравје.