Салата со црвена леќа
Состојки
- 100гр црвена леќа
- 100гр чаен колбас
- 120гр кисела павлака
- 120гр урда
- 2 лажици лут ајвар
- сол, бибер по вкус
Подготовка
Едноставна за подготовка, а одлично оди со парче леб запечено на тостер, кифлички....
Прво се мие леќата и се вари, се внимава да не се превари.И требаат 4-5 минути.
Се става во цедалка да се исцеди.
Танките листови чајна се сецкаат на мали коцки.
Во еден сад се соединуваат павлаката, урдата, ајварот, зачините и се додаваат леќата и чајната.
Се промешува убаво и се сервира.