Божиќни украсни колачи
Состојки
- 2 чаши брашно
- 2 лажички прашок за печиво
- 1/2 лажичка сол
- 100 гр путер
- 1 чаша шеќер во прав
- 1 лажичка ванила екстракт
- 1 јајце
- Декорација
- 2 белки
- 2 чаши шеќер во прав
- 1 лажичка сок од цеден лимон
- 1 лажичка зелена прехранбена боја
Подготовка
1. Путерот и шеќерот во прав се матат со миксер. Се додава и јајцето и се заедно се меша додека не се добие кремаста смеса.
2. Брашното, прашокот за печиво и солта се мешаат и постепено се додаваат во путерот постојано мешајќи со миксер. На крај се додава екстрактот од ванила и се меша уште кратко.
3. Добиената смеса се става во најлонска фолија и се остава да отстои 1 час во фрижидер. Потоа тестото се размесува и со сукало се развлекува кора од 0.5 см од којашто се вадат фигури со калап.
4. Така добиените колачи се печат на плех обложен со хартија за печење 10-тина минути на температура од 200 степени.
5. За подготовка на филот со миксер се матат белките и се додава шеќерот во прав и лимоновиот сок. Откако ќе се добие цврста пена се става прехранбената боја и се меша со лажица.
6. Оладените колачите се премачкуваат со филот, се ставаат кратко во замрзнувач а потоа се декорираат по желба.
* Од оваа количина на состојки се добиваат 5 поголеми елки колачи. Сметам дека помалите калапи се посоодветни и попрактични, но јас имам само во оваа големина.