Француски тарт со јагоди
Состојки
- Потребно за бисквитот
- 200 гр брашно
- 100 гр путер
- 1 јајце малку изматено како за кајгана
- Потребно за ванила кремот
- 400 мл млеко
- 1 кесичка ванила
- 4 жолчки од јајца
- 100 гр шеќер во прав
- 2 лажици супени брашно
- 2 лажици супени густин
- И уште
- 500 гр овошје - јагоди
- 1 кесицка желатин во црвена боја
Подготовка
Превкусен тарт кој во секое време може да се најде во прекраните витрини на познатите француски слаткари.
Најпрво се подготвува бисквитот за тартот.
Се меша брашното, солта, шеќерот и потоа се додава путерот исецкан на ситни коцки. Кога убаво ќе се измеша се додава јајцето со 2-3 лажички за кафе вода. Откако ќе се измеси убаво се завиткува во најлонска фолија и се остава 2 часа во фрижидер.
Се подготвува ванила кремот.
Да напомнам дека ова е прекрасен крем кој се користи во многу француски десерти меѓу кои и еклерите.
Се матат жолчките со миксер и се додава шеќерот, кога ке се измати убаво се додава и брашното и густинот. Во тенџере на шпорет се става млекото со ванилата да зоврие. Кога млекото ќе се стопли половината се сипува кај жолчките, а другата се остава да врие. Откако ќе се добие хомогена смеса кај жолчките се додаваат во тенџерето и се месат додека не згуснат. Откако ќе згуснат, се става тенџерето со филот во ладна вода да се олади и се меша цело време. Така креммот станува посјаен и помазен и без грутчиња.
Се остава да олади.
Потоа се подготвува бисквитот за печење.
Се прави тенка кора со дебелина од половина, а може и помалку сантиметар. Се премачкува тепсијата со путер.
Се остава од страните од кората по околу 1,5 см. Се боцка со вилушка и преку целата се става хартија за печење ( никако алуминска фолија) и одозгора се става или ориз или грав за да не се подигне кората при печење. Се пече на 180-200 степении откако ќе стврдне се трга хартијата и се допекува додека не добие убава румена боја.
Се пермачкува бисквитот со филот и одозгора се реди со егзотично овошје или јагоди. Се редат врз филот во круг. Одозгора се прелива со желатин, приготвен по рецепт на кесичката. Кога е тартот со јагоди пожелно е да биде црвен желатинот.
Се остава да се олади убаво пред да се дегустира.