Салата Дедо Мраз
Состојки
- 1 чаша ( 200 мл) ориз
- 200 г морска риба - крабови плочки
- 1 морков
- 4 јајце
- 100 г мајонез
- по вкус сол и мелен црн пипер
- За украс
- по потреба магдонос, белка од јајце, малку кашкавал и морков, ориз, црвениот дел од краб, црн пипер во зрно и малку црвен пипер
Подготовка
Со оваа рецепта им честитам Новата 2016 година и Божиќни празници на екипата од Мои рецепти и сите обожователи на овој навистина прекрасен сајт!!!
1. Оризот се вари, морковот ситно се ренда, од крабовите плочки се двои црвениот дел, а останатиот се сецка на ситни коцки.
2. Од варените јајца оставаме една белка за украс , а останатите ги рендаме. Од варениот ориз се остава еден дел за украс.
3. Исецканите коцки од кработ (белиот дел), оризот, јајцата , морковот , мајонезот , солта и мелениот пипер ги промешуваме.
4. Од добиената салата во чинија го правиме дедо мраз.
5. Украс - за лицето ставаме парче кашкавал, за очите - зрнца црн пипер, за украс на блузата - ориз, за брадата - изрендана белка од јајце, за капата, носот, устата, раците и блузата го нанесуваме црвениот дел од кработ.
6. Останатиот дел од чинијата се украсува со ливчиња од магдонос.
Во салатата по желба може да се додаде изрендан кашкавал, исто така и ситно исецкан магдонос.