Ментол штангли
Состојки
- 1 слој
- 150гр шеќер
- 100мл вода, 100гр црно чоколадо
- 125гр маргарин или путер
- 100гр мелен лешник
- 200гр мелени бисквити
- 2 слој
- 200гр тврди ментол бомбони
- 100мл вода
- 200гр млеко во прав
- 1-2 капки ментол арома
- 125гр маргарин или путер
- глазура
- 100гр бело чоколадо
- 40гр маргарин
Подготовка
Еве предлог за убави, вкусни празнични колачи.
Слатко, со нежна нота на ментол освежување.
Прво во касерола на оган се ставаат водата и шеќерот да зовријат една минута.
Се додава маргаринот, па чоколадото.
На тивок оган нека се соединат.
Се трга од оган, малку нека се излади, па се додаваат бисквитите и лешниците.
Се соединува и млаката смеса се нанесува во калап за колачи.
Се израмнува убаво.
Сега во друга касерола на оган се ставаат водата и бомбоните.
Нека се растопат на тивко со постојано мешање.
се додава маргаринот и се трга од оган.
Веднаш се додава просеаното млеко во прав, се мати со миксер неколку секунди и брзо се наесува врз црниот слој ( бидејќи брзо ќе стегни)
Се израмнува и се остава колачот да се излади.
Одозгора се прелева со глазурата од бело чоколадо и маргаринот.
Се сече на штангли.