Испечати

Бела баклава (посно)

Бела баклава (посно)

Состојки

  • 500 гр. готови кори
  • 700 гр. мелени ореви
  • 250 гр. шеќер
  • 2 ванили
  • 250 гр. маргарин
  • Шербет
  • 400 гр. шеќер
  • 300 мл. млака вода
  • 2 ванили

Подготовка

Мргаринот се растопува.
Корите се разделуваат една по една и се сечат на 4 еднакви квадрати. Се зема еден квадрат и се премачкува убаво со растопениот маргарин и се става по една лажица од филот, се витка како сарма. Готовите баклави се премачкуваат со маргарин.
Од една кора се добиваат 4 парчиња баклава. Баклавата се печи во загреана рерна на 180 степени 20-25 минути (баклавата треба многу малку да зарумени). Баклавата се остава да се излади целосно, па потоа по 10ина прачиња се ставаат во потполно врел шербет и се оставаат во шербетот 3-4 минути се вадат и се валкаат во 300гр. од мелениот орев. На секои 10 парчиња шербетот се става на оган повторно да зоврие.
Фил
400 гр. од ситно мелените ореви се промешуваат со шеќерот и ванилите.
Шербет
Во тенџере се става шеќерот, водата и ванилите и се става на оган да зоврие 5 минути.
Забелешка
Баклавата е посува.