Вртена домашна погача
Состојки
- 25 гр свеж кавасец
- 1 јајце
- 1 лажица шеќер
- 1 лажиче сол
- 180мл топла вода
- 180мл јогурт
- 70мл масло
- 650-680гр бело брашно
- 1 јајце за пртемачкување
- 1 лажица маргарин за премачкување
- сусам
Подготовка
Декоративна, вкусна погача
Прво во млаката вода се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно.
Се промешува и нека постои 10 минути.
Потоа постепено во ванглата се додаваат јајцето, солта, маслото, јогуртот и брашното.
Се замесува средно тесто, се покрива со чиста крпа и нека стои на топло околу 30 минути, односно нека се дуплира.
Сега нежно го размесуваме и го делиме на 2 дела.
Едниот нека биде малку поголем.
Од двата дела поединечно сучиме правоаголни кори, дебели по 4-5 мм, тенко ги премачкуваме со маргарин или путер, ги засекуваме на растојание од 1 цм, но не до крај.
Сега помалата кора ја виткаме дијагонално , па ја завиткуваме како полжав и ја оставаме во средината на округла тава бр 26.
Постапката ја повторуваме и со поголемата кора и неа ја ставаме до првиот полжав.
Ја оставаме погачата да кисни 20 минути, ја премачкуваме со јајце, солиме сусам и печиме околу 30 минути, односно да добие убава боја.
Испечена ја вадиме на кујнска решетка да се излади.
Сервираме со биено сирење и јогурт.