Соленки со сирење и путер

Состојки
- 600-700 гр брашно
- 300 мл млеко
- 1 коцка (40 гр) квасец
- 5 јајца
- 1 лажичка сол
- 2 лажички шеќер
- 100 мл масло
- по потреба сусам
- по потреба путер
- премачкување. маргарин
Подготовка
1. Во малку топло млеко се раствара квасецот.
2. Во брашното ги додаваме 3 јајца, стасниот квасец, солта, шеќерот и маслото. Брашното се замесува со останатото топло млеко и се чека да се стаса.
3. Сирењето се рони и се додава едно јајце и се промешува .
4. Од половината стасано тесто се прави подебел круг, кој се дели на 16 еднакви триаголници и се премачкуваат со путерот.
5. Од припремениот фил на секој триаголник се става по една лажичка, потоа ги виткаме триаголниците и ги ставаме во тавче претходно намачкано со маргарин.
6. Кифличките се премачкуваат со изматено јајце и ги наросуваме со сусам.
7. Соленките се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15- 20 минути.
8. Со вториот дел од тестото постапката се повторува.
Печените соленките пожелно да се покријат со крпа за да добијат мекост :)