Суви колачи со бадем
Состојки
- 1 жолчка
- 180 гр. брашно
- 2 лажици шеќер во прав
- 125 гр. маргарин
- малку рендана кора од лимон
- 2 лажици мелем бадем
- Полнење
- полнење по ваш избор (мармалад, крем, слатко )
- За валкање
- 1 белка
- 2-3 лажици мелен бадем
Подготовка
Ровки, ронливи... вкусни
Постапка
- Во на собна температура омекнат путер додадете го шеќерот, со миксер сматете ги, додадете жолчката и матете уште кратко време.
- Во садот во кој сте мателе додадете го брашното, малку рендана кора од лимон, бадемите - замесете тесто. Од тестото направете топчиња во големина од 20 гр. Секое топче прво умакајте го во лесно сматената белка, извалкајте во мелениот бадем, ставајте во тавата во која ќе печете - постелете ја со хартија за печење. Потоа на секое топче направете вдлабнатина, ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степена. Печете ги 10-15 мин. но внимавајте да ви останат бели.
- Полнете ги влдабнатините со од вас избран мармалад, крем, слатко....
- Јас вдлабнатините ги правев со помош на на мало пластично сукало,
- Полнев и со слатко и со мармалад. Мармаладот прво загрејте го, можете да полните во кеса на која едниот ќош ќе го исечете и да истиснувајки ги полните вдлабнатините. Затворте во кутија и можат да стојат подолго време.
- Доколку сакате можете да ставите и ванилин шеќер.
Од оваа количина на состојки излегуваат 14 на број колачи мерени по 20 гр. можете да ги правите помала тежина или дупли дози доколку сакате поголем број на од овие навистина вкусни колачи.