Сангрија
Состојки
- 500 мл. црвено вино
- 100 мл. шток
- 80 гр. шеќер
- 250 мл. газирана вода
- 1 лимон
- 2 портокали
- 2 мандарини
- 1 калинка
- 1 јаболко
- 1 црвен портокал
- 2 стапчиња цимет
Подготовка
Сангријата е традиционален шпански пијалок со вино и многу овошје.
Во лето може да се додаде лед за поголема свежина.
Овошјето се сечи на парчиња со исклучок на едниот портокал кој што се цеди и се додава на пијалокот.
Во длабок сад се става овошјето и му се додава штокот и шеќерот и циметот се промешува и се остава половина час.
Потоа се додава виното, сокот од портокал и газираната вода се промешува и се послужува.