Солени стапчиња (посно)
Состојки
- 700 гр брашно
- 100 гр интегрално брашно
- 1 сув квасец
- 500 мл млака вода
- 2 лажички шеќер
- прстофат сол
- масло за премачкување
- За солен прелив
- 2 лажички сол
- 2 полни лажици брашно
Подготовка
Брзо се прават, едноставни се, ќе ви се најде рецептов во моменти кога немате лебче дома, а ако не постите одлично одат и со чаша јогурт.
Подготовка
1. Од сите состојки замесуваме тесто, кое го делиме на 20 парчиња. Истите ги формираме како мали лепчиња - ваљачиња, ги премачкуваме со масло и ги оставаме 10-15 минути да се одморат.
2. Потоа секое од нив го развлекуваме со големина на тавчето во кое ќе ги печеме и го ставаме во намрсено тавче. Ги оставаме околу 10-15 минути, а за тоа време ја загреваме рерната на 250 степени.
3. Откако ќе ги ставиме да се печат го правиме преливот. Отприлика треба да ни биде погуст од смеса за палачинки.
4. Откако малку ќе поцрвенат стапчињата ги вадиме од рерна и со помош на лажичка го распоредуваме преливот по нив. Ги враќаме во рерна околу 5 минути да се допечат.
Забелешка
Ако ги месите само со бело брашно би требало да ви треба помалку вода, затоа внимавајте со нејзиното додавање, да не ви излезе премногу меко тестото.
Ако сакате баш соленки да ви бидат ставете сол колку што сум пишала, ама и една лажичка е доволна. Ако особено пак ви се наменети за мали деца, тогаш задолжително намалете ја солта, една лажичка е доволна.