Испечати

Видео рецепт: Твитер колачи

Видео рецепт: Твитер колачи

Состојки

  • 2 белки
  • малку сол
  • 1/2 лажица ванила екстракт
  • 1/2 лажичка екстракт од бадем или лешник
  • 3 лажици масло
  • 1/2 шолја сенаменско брашно
  • 1 1/2 лажичка густин
  • 1/2 шолја шеќер
  • 3 лажици вода
  • 2 - 3 капки сина боја
  • неколку капки екстракт од боровинки

Фичо подготви специјални сини колачиња, со скриени Твитер пораки.

Подготовка

Чекор 1: Мешајте ги сите состојки со лажица додека не добиете хомогена смеса. Пораките пригответе ги однапред. Рерната загрејте ја на 150 степени.

Најважно е да печете по максимум 2 колачиња. Треба да работите брзо, да не се стврдне смесата, а ако испечете повеќе колачи, ќе се стврднат и нема да ја направите саканата форма.

Чекор 2: Дозата е околу 1 лажица, истурете и размачкајте ја смесата во кружна форма. Печете додека не се заруменат краевите, околу 3-4 мин. Извадете ги, ставете порака и свиткајте ги со помош на шолја како во видеото.

Чекор 3: Нам ни излегоа 12 колачиња. Сервирајте ги сите во една чинија!

СОВЕТ: Овој рецепт Фичо го подготви за доделувањето на Твитер наградите за 2015 година.