Испечати

Чорба од тиква (посно)

Чорба од тиква (посно)

Состојки

  • 500 гр тиква без кора и семки
  • 1 среден компир
  • 1 поголем морков
  • 1 мала главица кромид
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • по вкус сол бибер и рендано морско оревче
  • 1 - 1,2 л вода
  • 5 лажици масло

Подготовка

Да ви предложам здрав, посен, топол оброк.
Тиквата исечкајте ја на помали коцки. Компирот, морковот и кромидот излупете ги и нив сецкајте ги на помали коцки. Ставете ги во тенџере. Додајте ја водата, маслото и зачините по вкус.
Ставете ги да варат некои 20 минути или додека зеленчукот омекне. Тенџерето тргнете го на страна и со рачен блендер или каков ќе имате изблендирајте го зеленчукот да се добие изедначена чорба. Со оваа количина на вода мене густината ми беше тамам, а ако сакате поретка може да си додадете уште малку вода. Но откако ќе се изблендира и повари повторно, малку ќе се згусти.
Вратете го на оган да повари уште 10-минути .
Чорбата послужете ја топла со лепче. Ако сакате луто може да си додадете и буковска пипер.