Испечати

Колачи со мармалад (посно)

Колачи со мармалад (посно)

Состојки

  • Тесто
  • 1 чаша од 200 мл кисела вода
  • 1 чаша од 150 мл масло
  • 1 чаша од 150 мл шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • рендана кора од лимон
  • рендана кора од портокал
  • 2 лажички прашак за пециво
  • 1/4 лажичка сода бикарбона
  • околу 600-650 гр брашно
  • Фил
  • по потреба мармалад од кајсии или каков ќе имате
  • по потреба шеќер во прав за посипување на колачите

Подготовка

Во сад за месење ставете ги сите состојки освен брашното. Брашното постепено додавајте го и замесете убаво изедначено, средно тврдо тесто.
Од тестото на работна и посипана со брашно површина развлечите кора дебела 3-4 мм. Оваа дебелина мислам дека е доволна зашто при печењето малку ќе нараснат и кога ќе се спојат да не бидат премногу високи.
Со калапчиња, пола цели пола со дупче на средина правите колачи и ставајте ги во плех со хартија.
Остатоците од тестото се собираат, се месат, се прави кора и пак колачи се додека не се потроши тестото.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени 10 минути, одоздола ќе добијат кремаста боја а одозгора се посветли.
Оставете ги малку да подоладат и лепете ги по две со по едно мало лажиче мармалад.
Одозгора посипете ги со шеќер во прав или ако сакате и цели извалајте ги во шеќерот.
Јас некои направив само така без лепење. Кората е развлеков малку повисока околу 7-8 мм и ги печев по 12-13 мин.