Вкусна пита со пилешки копанчиња
Состојки
- 400гр обескостени пилешки копанчиња
- 1 главица сецкан кромид
- 1 сецкан морков
- 1/4 корен од целер-сецкан
- сол, бибер, зачин, кари, магдонос, масло
- тесто
- 7гр свеж кавасец (значи многу малку)
- 110мл топла вода
- 1 јајце
- 2 лажици маслиново масло
- 220-240гр брашно
- прстофат сол и прстофат шеќер
- бешамел
- 1 лажица масло
- 1 лажиче брашно
- 70мл млеко
- 70мл јогурт
- морско оревче, бибер, сол
- 5-6 листови кашкавал
- 1 црвен домат исечен на тенки листови
Подготовка
Прекрасна пита, топло ви ја препорачувам.
Прво на малку загреано масло се пропржуваат кромидот, морковот и малку целер.
Потоа се додава сецканото пилешко месо.
Јас користев обезкостени пилешки копанчиња, а може да се користи и пилешки стек.
Нека се пржи околу 10 минути на тивко, со постепено додавање на зачини по вкус и магдонос.
Јас додадов бибер, сол, зачин, кари, малку триена сол.
Сега се замесува тестото, односно во топлата вода се става квасецот, прстофат шеќер, прстофат сол, јајце, масло и брашно.
Јас не го чекав квасецот да се активира, многу е малку, а и од причина што правев подготовка на се, па и на тестото, со цел кога ќе дојдам од работа само да ја наредам и испечам питата.
Од кога го замесив тестото, врз него ставив 2-3 капки маслиново масло, со рака го премачкав да не се суши и го покрив со прозирна фолија.
Сега подготвив малку и бешамел сос.
На една лажица масло ставив едно лажиче полно брашно, кратко запржив и додадов по околу 70 мл млеко и 70 мл јогурт. Зачинив со зачин, бибер, морско оревче.
Нека се вари на тивко 3-4 минути да згусни, но не смее да проврие.
Редење на питата
Тестото танко се расукува во тавче бр 26.
Врз тестото се става испрженото пилешко месо, па се става бешамел сосот, листови кашкавал, а врз нив танки листови црвен домат.
Вака подготвена оди во релна на 190 степени 30-35 минути.
Сервирајте топла со чаша бело вино и потпечено луто пиперче.