Каталонски сусос
Состојки
- За тестото
- 250 гр остро брашно
- 10 гр сув квасец
- 50 гр шеќер
- 25гр путер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 јајце
- 90 мл млако млеко
- Состојки за филот
- 750 мл млеко
- 50 гр гриз
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 180 гр шеќер
- 2 јајца
Подготовка
Овие вкусни и полнети кифлички многу потсетуваат на полнети крофни. Многу се меки, воздушести и кремасти и едноставно се топат во уста.
Најпрво во еден сад се ставаат сите состојки освен млакото млеко кое се додава постепено и замесуваме глатко тесто. Го оставаме 30-тина минути да стаса.
Го подговтуваме филот-во тенџере на оган ставаме 500 мл млеко со шеќерот и ванилиниот шеќер да зоврие. Во друг сад на страна ги мешаме преостанатите 250 мл млеко со гризот и јајцата и ги додаваме во зовриеното млеко. Вариме додека кремот не згусне, потоа го тргаме на страна и го оставаме да излади и го полниме во готварски шприц или кеса.
Тестото се размесува и рассукува на набрашнета маса и потоа од него се сечат триаголници кои се полнат со фил и замотуваат во форма на кифлички. Се оставаат на хартија за печење за да не ни залепат додека да стасаат на топло уште 30-тина минути.
Потоа се пржат во поголема количина на масло и се ставаат на хартија додека да изладат. Оладени се наросуваат со шеќер во прав и цимет.
На здравје