Испечати

Роденденска карамел банана торта (без печење)

Роденденска карамел банана торта (без печење)

Состојки

  • подлога
  • 400 гр. американски колачиња
  • фил
  • 2 пудинга од карамела
  • 2 пудинга од банана
  • 1 л. млеко
  • 250 гр. маргарин
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 2-3 пакетчиња ресана
  • декорација
  • 32 рум штангли

Подготовка

Кога веќе ми тргна со поставување благи рецепти, еве една вкусна и декоративна торта.

Сомелете ги американските колачиња и натопете ги со малку млеко и/или маргарин и замесете убаво тесто. Истото тесто убаво нанесете го на дното во калап за торта и оставете го во фрижидер.

Сварете ги двата пудинга од карамела во половина литар млеко. А потоа и двата пудинга од банана. Покријте ги со крпа за да не фатат кора и оставете ги да се оладат. Во меѓувреме разматете го маргаринот со шеќерот.
Секој пудинг разматете го со половина од смесата со маргарин и шеќер.

Во калапот, на тестото „набодувате“ рум штангли и ги оставате повторно некое време во фрижидер, за убаво да се прицврстат на тестото. А потоа ставате ред ресана - ред пудинг од карамела - ред ресана - ред пудинг од банана. И ставете ја повторно во фрижидер, за полесно да се сече и да се стврдне пудингот.

По желба декорирате со слатка павлака, чоко флипс, чоколади трошки и слично.