Испечати

Крем пита

Крем пита

Состојки

  • 250 гр. лиснато тесто
  • 1.5 л. млеко
  • 500 мл. вода
  • 7 јајца
  • 2 х 10 лажици шеќер
  • 30 гр. ванилин шеќер
  • 250 гр. густин
  • 100 гр. брашно
  • 200 мл. слатка павлака

Подготовка

Еве еден лесен колач за јадење.

Расукајте го лиснатото тесто на набрашнета површина во правоаголна форма (колку што можете повеќе, бидејќи при печење се намалува големината). Потоа земете голем плех, превртето го наопаку и намастето го. Врз плехот ставете го лиснатото тесто и пресечето го на половина во ширина. Со вилушка „избушете“ го тестото на неколку места, за да не се надува при печењето.
Ставете го во загреана рерна на 200 степени, неколку минути.

Едната кора (којашто планирате да ја ставите горе), покријте ја со влажна, топла крпа, за да омекне.

Во тенџере ставете еден литар млеко и водата, оставете да поврие.
За тоа време густинот, брашното, ванилиниот шеќер, 10 лажици шеќер, 7 жолчки и останатото млеко добро разматете го (без миксер).
Смесата ставете ја во зовриеното млеко и мешајте постојатно на рингла, додека не се згусне.
7те белки разматете ги со 10 лажици шеќер. Постепено додавајте ја претходната смеса со постојатно матење (додека е се уште топла).
Изматете ја слатката павлака на страна, додадете ја во смесата и убаво изматете.

Едното тесто (коешто не беше покриено со крпа), ставете го во соодветно тавче со иста големина колку и самото тесто и врз неа ставете го филот.
Втората кора (којашто беше покриена со крпа) исечете ја на 8 парчиња (за полесно сечење и вадење на парчињата подоцна) и истите парчиња распоредете ги врз филот.
Посипете со шеќер во прав, ставете во фрижидер, а потоа уживајте.