Испечати

Јужноафрикански чоколадни колачиња со бибер

Јужноафрикански чоколадни колачиња со бибер

Состојки

  • 200 гр чоколадо за готвење (со голем процент какао)
  • 85 гр путер
  • 75 гр кафеав шеќер
  • 1 големо јајце
  • 125 гр брашно
  • 1/3 лажичка сода бикарбона
  • 1 рамна лажичка свежо мелен црн бибер

Подготовка

Ова се веројатно најчоколадните колачиња кои излегле од мојата рерна, а биберот само го потенцира нивниот чоколаден вкус.

120 гр чоколадо истопете и ставете го да се подолади.
80 гр чоколадо исечкајте го на коцки.

Путерот изматете го со миксер, да стане пенест. Потоа додадете го шеќерот и продолжете со матење. На крај ставете го јајцето и матете додека не добиете фина кремаста маса.
Брашното просејте го и измешајте го со содата.
Додадете ги сувите состојки во путерастата смеса и матете со најмала брзина на миксерот. Потоа додадете го стопеното чоколадо и откако ќе се соедини ставете го исечканото чоколадо и биберот. Се измешајте со лажица и оставете ја смесата во фрижидер да се олади.
Потоа со влажни раце формирајте топчиња и редете ги на тавче обложено со хартија за печење. Треба да добиете околу 20-25 топчиња, т.е колачиња. Поделете ги во два плеха бидејќи многу се шират додека се печат.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 12 минути. Треба површината да има фатено коричка, но сеуште да се малку меки на допир.

Чувајте ги во добро затворена лимена кутија.

Пријатен апетит!