Испечати

Видео рецепт: Торта за своја душа

Видео рецепт: Торта за своја душа

Состојки

  • За ДВЕТЕ ТЕСТА ќе ви треба:
  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 6 лажици мелен лешник
  • За СВЕТЛИОТ ФИЛ ќе ви треба:
  • 6 жолчки
  • 4 лажици шеќер
  • 100 гр. путер
  • 100 мл. млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 200 гр. мелен орев
  • За ТЕМНИОТ ФИЛ ќе ви треба:
  • 150 гр. црно чоколадо
  • 100 гр. лешници
  • 300 мл. слатка павлака

Фичо, заедно со неговата гостинка Катерина, готвач член на нашата веб-страница, ќе подготват еден од нејзините најпопуларни рецепти, Торта за своја душа.

Подготовка

Чекор 1: Во сад ставете 3 белки, 3 лажици шеќер, 1,5 лажица брашно и 3 лажици мелени лешници и изматете ги додека не добиете густа смеса. Тоа е првото тесто.

На ист начин се прави уште 1 тесто.

Печете ги во округлата тава на 170 степени, 10 минути.

Чекор 2: За филот изматете 6 жолчки со 4 лажици шеќер над пареа до згуснување.

Оставете да се олади. Изматете во еден сад 100 грама путер и додадете го во жолчките.

Во друг сад изматете ја слатката павлака.

Во сад за сос ставете млеко и шеќер да провријат 5 минути, потоа додадете ги оревите.

Кога ќе се излади додадете го на претходната смеса.

Убаво соединете ги сите состојки и добиениот фил поделете го на половина.

Во едниот дел ставете го растопеното чоколадо и крупно сецкани лешници, во другиот не додавајте ништо.

Чекор 3: Филувајте кора, жолт фил, црн фил, слатка павлака,кора, жолт фил, црн фил...

Цела торта декорирајте ја со остатокот од слатката павлака.

Пред сервирање оставете ја во фрижидер 3-4 часа.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Подготовката на филовите ќе ви биде појасна ако го погледнете видеото.