Испечати

Медењаци со ѓумбир (посно)

Медењаци со ѓумбир (посно)

Состојки

  • Тесто
  • 250 мл кисела вода
  • 200 мл масло
  • 200 гр шеќер
  • 2 полни лажици мед
  • 1 лажиче цимет
  • 1/4 лажиче рендано морско оревче
  • 1/4 лажиче мелено каранфилче
  • 1/4 лажиче мелен ѓумбир
  • рендана кора од лимон
  • 1 лажиче прашак за пециво
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 1-2 лажици какао
  • околу 700-750 гр брашно
  • За декорација
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 3-4 лажици масло

Подготовка

Во сад ставете ги сите состојки за тесто освен брашното. Брашното постепено додавајте го и месите додека добиете изедначено, меко тесто.
Од тестото кините парчина и правите топчина и малку, нежно сплескајте ги. Големината можите и сами да си е одредите, дали ќе бидат поголеми или помали.
Наредете ги во тава за печење обложена со хартија или намачкана со масло. Јас користев правоаголна тава од Делимано и не ставив ништо, не се лепат.
Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15 минути а ако се поголеми 2-3 минути повеќе.
Печените колачи оставете ги да оладат и потоа прелијте ги со стопената чоколада со маслото на пареа. Може само оддозгора или цели да ги ставите во чоколадата. Ставете ги на хартија за печење додека се стегне чоколадата и потоа послужете се.
Совет
Јас користев посебни зачини но доколку имате мешавина за медењаци може да си ставите 1 -1,5 лажиче.
Посни ама вистински вкусни колачи - медењаци!