Ролат баклава
Состојки
- 1 кр готови кори (24 кори)
- 375 гр путер (маргарин)
- 400 гр мелен орев
- 100 гр сусам
- 100 гр кокос
- 100 гр млечно чоколадо
- 5 гр цимет
- За шербет
- 6 чаши шеќер
- 4 чаши вода
- неколку капки сок од лимон
Подготовка
Топло ви е препорачувам на сите бидејќи не е тешка за подготовка, нема да ви одземе многу време, а вкусот е прекрасен што нема да се заситите со 1 парче, па ќе посегнете по уште едно или две парчиња. Мирисот од орев, цимет, кокос, сусам, чоколадо и путер е прекрасендури може и да ве маѓепса..па еве како да ја подгответе.
1.Најпрво путерот ставте го во тава на среден оган да се растопи.
2. Оревите сомелете ги на појадро, чоколадото изрендајте го на ситната страна од рендето.
3. Во еден сад ставте ги сомелените ореви, ренданото чоколадо, кокосот, сусамот и циметот и промешајте да се соединат.
4. Смесата (филот) делете ја на 4 еднакви делови.
5. Готовите кори делете ги по 6 кори треба од двете паковања да ви излезат 24 кори по 12 кори во едно паковање, но некогаш доаѓа и во некое паковање да има 11 кори, но нема да претставува проблем затоа што ако се 11 кори ќе направете еден ролат од 6 кори, а другиот ролад од 5 кори.
6. На работна маса ставте една кора, кората накапете ја со малку путер, па насекаде на кората ставтете малку од филот (најпрво филот го делите на 4 дела потоа секој дел на 6 дела за да посипувате на секоја кора). Над филот ставте уште една кора исто така накапете ја со путер па ставте повторно од филот, постапката повторете ја со преостанатите 4 кори.
7. Така исфилуваните кори половајте ги во цврст ролат, па нежно со нож сечете кругови по 1,5 см. Круговите нежно ставете ги во плех за печење претходно намрсен со путер.
8. Постапката повторете ја и со преостанатите 3 дела од по 6 кори.
9. Рерната вклучете ја на 170С кога ќе го роловате последниот ролад. Откако ќе ги ставте сити кругови во плехот накапете ја целата баклава со преостанатиот путер.
10. Ставете ја баклавата во рерна и печете ја додека да добие златно-кафеава боја од двете страни.
11. Во меѓувреме ставте го шеќерот и вода во тенџере на оган. Додајте неколку капки лимон (по желба) и откако ќе почне да врие оставте 5 минути да врие.
12. Баклавата прелијте ја уште додкеа е врела со врелиот шербет и оставте да се олади.
13. Откако баклава ќе биде оладена секое калапче нежно превртете го од другата страна и оставте да отстои уште 20 минути па сервирајте. Добар апетит...
ЗАБЕЛЕШКА
1. Паковањето готови кори го делив на два дела по 6 кори. Прво ги подготвив првите 6 кори, па потоа другите 6 кори, но за да не ми се исушат другите 6 кори јас ги покрив со влажна кујнска крпа. Кога ги подготвив првите 6 кори продолжив и со другите 6 кори, па и со другото паковање кори ја повторив истава постапка.
2. Филот значи се дели на 4 дела и секој еден дел на 6 дела за сите 6 кори.
3. Чашата е 250 мл..