Чоко-сникерс баклава
Состојки
- 500 гр кори за баклава
- 300 гр потпечени кикиритки
- 50 гр потпечен сусам
- 50 гр мелени бисквити
- 100 гр бело чоколадо (крупно рендано)
- 100 мл масло за јадење
- 4 лажици шеќер
- 1 ванила
- 150 гр растопен маргарин(за полевање на корите)
- За шербет
- 800 мл вода
- 800 гр шеќер
- 1 ванила
- 1/2 лимон сечен на кругови
Подготовка
1. Бисквитите, кикиритките, сусамот, шеќерот, ванилата и ренданото чоколадо се промешуваат заедно
2. Секоја кора се попрскува со по 1 лажица масло за јадење и на едната страна се става од филот и се виткаат танки ролатчиња
3. Откако ќе се наредат во тава (попрскана со малку масло за јадење), се полеваат ролатчињата со растопениот маргарин и се ставаат да се печат околу 20 мин на т од 180 С
4. Шербетот - се варат шеќерот и водата, да провријат и со ова се полева баклавата.
5. Се редат кругови лимон пред полевањето со шербетот