Солена торта со палента
Состојки
- 4 Jајца
- 100 мл. масло
- 200 мл. млеко
- 800 мл. кисела вода
- 2 чаши брашно
- 1 прашок за печиво
- 4 чаши палента
- 1 лажичка сол
- 300 гр сирење
- 2 зелени пиперки
- 200 гр шунка
Подготовка
1. Јајцата се матат со миксер и во нив се додава (постепено и мешајќи со миксерот) 100 мл. масло, 200 мл. млеко, 1 лажичка сол, 2 чаши брашно измешани со прашокот за печиво, 800 мл. кисела вода и 4 чаши палента.
2. Откако ќе се добие хомогена смеса се исклучува миксерот и се додава ренданото сирење, ситно сецканите пиперки и шунка и се меша со лажица.
3. Плехот се премачкува со масло и се наросува малку брашно по површината и внатре се става смесата.
4. Се наросува со сусам и ленено семе и се пече 30-35 минути на 180 степени.
* Може да се послужи со топче кајмак или павлака.