Пикантен чоко-карамел колач
Состојки
- Бисквит
- 240гр. брашно
- 150гр. ладен путер
- 25гр. чоколадо во прав
- 100гр. шеќер во прав
- 2 жолчки
- 1 ванила
- Карамел
- 200гр. шеќер
- 200мл. слатка павлака
- 40гр. путер
- Ганаш
- 130гр. црно чоколадо(75% какао)
- 110мл. слатка павлака
- 1/4 лажиче чили
Подготовка
Бисквит
Во сад ставете го брашното, шеќерот во прав, чоколадото во прав и ванилата. Измешајте, па додајте ги жолчките и путерот .
Со раце замесете глатко тесто за бисквит.
Завиткајте го во најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер 30 минути.
Откако ќе отстои меѓу 2 листа хартија за печење расукајте го во кора.
Ставете ја кората во округол калап претходно премачкан со путер.
Избоцкајте ја кората со вилушка.
Врз кората ставете хартија за печење на која ќе ставите зрна од грав (ќе ви помогне бисквитот да се пече постепено, да не се стврди одеднаш).
Печете на 170-180 степени, 20 минути.
Потоа тргнете ја хартијата со гравот и печете уште 10-тина минути.
Испечениот бисквит оставете го да се олади.
Карамел
Во касерола со постојано мешање додавајте го постепено шеќерот.
Откако ќе се растопи убаво постепено со постојано мешање додајте ја загреаната слатка павлака и на крај путерот.
Продолжете со мешање додека се добие убав мазен карамел.
Карамелот веднаш нанесете го врз бисквитот и оставете да се стегне.
Ганаш
На пареа ставете го чоколадото, слатката павлака и чилито.
Мешајте додека убаво се растопи чоколадото, па со добиениот ганаш прелејте го слојот од карамел.
Оставете на собна температура да се стегне.
Колачево топло ви го препорачувам, микс на вкусови, карамел, чоколадо, лутко, едноставно уживавме додека го јадевме.