Ликер од мандарини
Состојки
- 5 мандарини
- 500 мл. рум
- 70 мл. вода
- 150 гр. шеќер
Подготовка
- Излупете ги измиените мандарини со нож за лупење компир (ова да остане што помалку од белата подкора), исцедете го сокот.
- Во тегла налијте го румот, додадете ја излупената кора од мандарините и сокот. Измешајте и ставете нека стои 30 дена.
- По изминувањето на 30 дена сварете сируп од шеќерот и водата, оствете да олади. Оладен ќе го додадете во теглата. Нека стои уште 15 дена и готов е ликерот.
- Доколку сакате да не ви е толку слатко, намалете ја количината на шеќерот.
- Овој ликер освен за пиење слободно користете го и како додаток - зачинка.
- Јас користев бел рум, што не значи дека не можете и обичен рум. Бојата се менува додека стои тие 30 дена.