Старински кифлички (посно)
Состојки
- 600-700 гр. брашно
- 400 мл. масло
- 300 мл. врела вода
- 1 пециво
- Фил
- 2 средни јаболка
- 2 лажици гриз
- 2 лажици кафеав шеќер
- 50 гр. сечкани ореви
- шеќер во прав за посипување
Подготовка
Рецептот за овие благца е од старите тетратки, ги обожаваме сите а посебно децата, вонвременски, не заменливи старински кифлички-колачиња.
1. Се рендаат излупените јаболка, се додава гризот, шеќерот, оревите и се измешува да се добие филот.
2. Во вангличе се меша врелата вода со маслото, се става просеаното пециво и брашно, се меси тесто додавајќи уште малку брашно ако треба.
Треба да се добие тесто од кое лесно ќе се развлече кора дебела 1 см.
3. Со чаша од развлечената кора се вадат кругчиња, секое кругче се рассукува со оклагија, се става малку фил и се витка во кифличка.
4. Кифличките се печат на 180 степени 25-30 минути, и убаво изладени се посипуваат со шеќер во прав.
Се чуваат на ладно (не во фрижидер) и колку стојат толку се поровки и повкусни.
Рецептот беше запишан со мерки во чаши, а јас ги претставив вака за поголема ориентација. Добродојдено благичко за време на пости!