Видео рецепт: Турски ќебап
Состојки
- За ЌЕБАПИТЕ ќе ви треба:
- 1 кг. говедско месо
- 1 јајце
- 1 главица кромид
- 1/2 лажиче буковец
- сол и бибер
- 50 - 60 гр. лебни трошки (по потреба)
- За ТАВАТА ќе ви треба:
- 500 гр. кромид
- 1 шолја ориз (150 мл.)
- 100 гр. морков
- 1 лажица буковец
- 1/2 лажичка оригано
- 1 лажичка мешан сув зачин
- 1 ловоров лист
- сол и бибер
Фичо, заедно со неговата гостинка Валентина, готвач член на нашата веб-страница, ќе подготват еден од нејзините најпопуларни рецепти, Турски ќебап.
Подготовка
Чекор 1: Во говедското месо додадете го јајцето. Кромидот измелете го во Нутрибулет и додајте го во месото. Додадете ги лебните трошки и зачините и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Оставете го 15 минути да се спои смесата.
Чекор 2: Кромидот ситно исецкајте го. Морковот изрендајте го. Ставете ги заедно во тавче да се пропржат додека да добијат стаклест изглед.
Додајте ги зачините и оризот. Оризот оставете го да се пропржи. На крај ставете 3 шолји вода.
Чекор 3: Затворете ја тавата со фолија и печете во рерна на 200 степени 25 минути, или додека да се свари оризот.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Зачините може да ги смените по желба. Може да додадете и една рака сечкан магдонос во тавата.