Коктел од лиснато пециво (посно)
Состојки
- 1 лист од 275 гр лиснато тесто
- Додатоци по потреба
- шери домати, оригано
- туна и капари
- маринирани печурки
- црни и зелени маслинки
Подготовка
Еве еден предлог за лиснатици со посни додатоци, декоративни и погодни за именден, роденден, слава...
Најпрво подгответе ги додатоците за одозгора.
Шери доматите исечете ги на кругчиња, туната исцедете ја од маслото, капарите и печурките од течноста. Маслинките исечете ги на кругчиња или на четвртинки или осминки.
Рерната уклучете ја да се загрева на 200 степени.
Лиснатото тесто исечете го на квадрати од 5цм или поголеми, по ваша желба.
Ставете ги во тава за печење.
На некои квадрати ставите парче доматче и посипете го со малку оригано, на некои малку туна и 1-2 капари, на некои печурки и маслинки (како на сл.)
Јас неколку ги направив со два квадрати еден над друг и меѓу ги намачкав со малку вода да се залепат и така да ми дојдат повисоки.
Ставете ги да се печат околу 15 минути.