Свинска Поркета
Состојки
- 1.5 кг. свинска плешка
- 1 кг. кромид
- 500 гр моркови
- 5-6 чешниња лук
- 300 мл. бело вино
Подготовка
1. Парчето месо се засекува (но не целосно) за да се добие едно големо потенко парче.
2. Се премачкува со маслиново масло и со крупна сол од двете страни. Од надворешната страна се зачинува со мелен бибер, рузмарин, црвен пипер, а во внатрешната страна се распоредуваат ситно сецканото чили, свежиот магдонос, ситно сецканиот лук и два цели моркови и се превиткува во ролат кој се зацврстува со готварски конец.
3. Така добиениот ролат се пропржува по малку од сите страни додека добие убава боја, а потоа се трга настрана.
4. Во тавата за печење се ставаат кругови кромид, парчиња морков и бело вино (кои служат како подлога) а врз нив се става свинскиот ролат.
5. Се пече 2 часа и 30 минути на 180 степени.
Наздравје!