Торта Манастирска куќичка
Состојки
- Тесто.
- 200 гр путер
- 200 гр павлака
- 400 гр брашно
- 1 пакетче (10гр) пециво
- 1 пакетче (10гр) ванилин
- 200 гр шеќер
- 1.5 тегла компот од вишна без семка
- Фил
- 1 кг павлака (20 %)
- 150 гр шеќер во прав
- 70 гр ситно исецкани ореви
- Украс
- 70 гр ситно исецкани ореви
- по желба чоколадо
Подготовка
Оваа тортичка стара традиционална руска рецепта. Доколку имате малку повеќе слободно време - препорачувам да ја згответе)
1. 1 кг павлака ја цедиме преку цедалка покријена со газа и треба да се цеди 6-7 часа со што ќе останува чиста павлака. Исто така ги цедиме и вишните неколку часа.
2. Тесто. Путерот го топиме на тивок оган и го додаваме шеќерот да се растопи. Изладената смеса ја додаваме во садот со павлаката и ја промешуваме. Ги додаваме пецивото и брашното и го месиме тестото. Може да се додаде една рака до две брашно за да добиеме еластично тесто, потоа го виткаме во најлон и го ставаме во фрижидер на 3 часа за да се стегне.
3. Изладеното тесто го делиме на 15 еднакви дела и секој дел го расукуваме во правоаголна тенка форма. Например - 23 см по должина и 7 см по ширина. Потрудете се за да парчињата бидат исти во должина. Во секое парче тесто ги редиме вишните и ги виткаме во ролат, а краевите убаво ги затвараме. Ролните со вишни ги редиме во правоаголен плех обложен со мрсна хартија и ги печеме 10-15 минути на 180 степени. Ролните од вишни треба убаво да се изладат.
4. Крем. Павлаката и шеќерот во прав се матат со миксер и ги додаваат 70г ореви. Ролните се редат како куќичка. Прво се редат 5 ролни и се мачкаат од сите страни со кремот, па одозгора се редат 4 ролни + крем, потоа 3 ролни + крем, 2 ролни + крем и 1 ролна и целата торта се премачкува со преостанатиот крем.
5. Манастирската куќичка се посипува со останатите 70 г ореви и со изренданото чоколадо. Торта треба да се отстои во фрижидер барем 12 часа.
Колку повеќе тортата стои во фрижидер , толку е повкусна)