Испечати

Погача цвет

Погача цвет

Состојки

  • 500гр брашно
  • 250мл јогурт / кисело млеко
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 јајца
  • 1 квасец
  • 20 мл масло за готвење
  • 250гр путер

Подготовка

Тестото се замесува и се остава да одстои и накисне.
Потоа се расукува голема кора и се премачкува со путер - 200гр. Кората се сече на 16 дела и се преклопуваат деловите еден врз друг. Потоа повторно се расукува округлеста кора, се сечат пропорционално и се прават 15 кифличи. 12 од нив се редат во круг, 3 се сечат на половинки и се редат од горната страна и во средина се става уште една ролничка.
Се формира цвет. Преостанатиот путер се рапоредува на погачата.
Се остава на топло да одстои уште половина час, да накисне, а во меѓувреме се премачкува со жолчка и со сусам. Одлично иде во комбинација и со ким.