Чоколадни зачинети тартуфи
Состојки
- 300 гр чоколадо (со висок процент какао)
- 200 мл слатка павлака
- 1 лажица лут табаско сос
- неколку капки екстрат од ванила
- 50 гр грилаж од ореви
Подготовка
Загрејте ја павлаката до пред вриење и прелијте ја преку исечканото чоколадо.
Откако ќе се стопи ставете ги останатите состојки. Промешајте убаво. Нека се олади.
На плех покриен со хартија ставајте по 1 лажиче од смесата. ставете го плехот во фрижидер неколку часа.
Потоа секое купче направете го со раце во неправилна топчеста форма. Нека постојат повторно на ладно некое време.
На крајот испрпелајте ги во какао а одозгора наросете малку со прсти лут пипер.