Испечати

Бела сангрија

Бела сангрија

Состојки

  • 500мл. бело вино
  • 100 мл. бренди
  • 4 големи лажици шеќер
  • 250мл. газирана вода
  • 1 лимон
  • 2 портокали
  • 1 црвен портокал
  • 1 киви
  • 1 јаболко
  • 2 мандарини

Подготовка

Традиционалниот рецепт е со црвено вино, но и оваа е одлична.
Овошјето се сечи на парчиња со исклучок на едниот портокал кој што се цеди и му се додава на пијалокот.
Во длабок сад се става овошјето и му се додава бренди и шеќерот се промешува и се остава половина час. Потоа се додава виното, сокот од портокал и газираната вода се промешува и се послужува.